Приврзаниците за независност на Каталонија организираа генерален штрајк во областа, протестирајќи против апсењето на лидерот Карлес Пучдемон и на останатите членови на каталонската влада.
Штрајкувачите ги блокираа патиштата и возовите, со што предизвикаа големи застои во сообраќајот, а добар дел од јавниот сообраќај работеше со минимален капацитет, вклучително и главниот булевар во Барселона „Гран Виа“. Голем број луѓе излегоа на автопатиштата и мавтаа со транспаренти извикувајќи слобода за политичките затвореници. На социјалните мрежи се појавија информации дека дошло до помали судири меѓу штрајкувачите и полицијата.
И покрај застојот во сообраќајот, повеќето продавници во Каталонија работеле. Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека изборите во Каталонија на 21 декември треба да отворат ново политичко време за тој регион.