Пожарот во Градежниот факултет е локализиран, нема повредени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Пожарот што избувна изутрината на Градежниот факултет во Скопје е локализиран, но се уште се работи на негово целосно гаснење, изјави командатот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томевски. Се проверуваат и се расчистуваат просториите на вториот кат од факултетот зафатени од пожарот.

 

„Пожарот изби на вториот кат на факултетот во 9.10 часот. Веднаш по пријавата на терен дојдовме со 12 возила и 24 пожарникари. Нема повредени, но има материјална штета. Уништен е вториот кат и покривот на факултетот“, вели Томевски.

 

Студентите кои утрово дошле на прадавања на факултетот навремено биле евакуирани, така што нема повредени.

 

„Она што е најбитно за нас, е што нема повредени и нема жртви за време на интервенцијата. Не затекнавме никого во тие простории. Навремено беа евакуирани вработените и студентите“, вели Томески

 

Тој додава дека за причините за пожарот одговор треба да даде Министерството за внатрешни работи, откако ќе изврши увид на терен.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи