Агуеро: Би можел да го напуштам Манчестер Сити во 2019 година

Facebook
Twitter
Email
Print

Најефикасниот фудбалер во историјата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро има желба кариерата да ја продолжи во родната Аргентина во клубот Индепендиенте.

 

Договорот со Манчестер Сити му истекува во 2019 година и во моментов не размислува на негово продолжување, како ни прифаќање на понудите кои ги најавија Милан и Реал.

 

„Во медиумите се појави приказна дека ме сакаат Милан и Реал Мадрид. Не знам каде тоа го прочитав, но се сеќавам дека пишуваше:  Реал и Милна само што ги уништија соновите на Индепендиенте. Но мојата желба од секогаш беше да се вратам во Индепендиенте во 2019 година, кога ќе ми истече договорот со „граѓаните“. Имам опција да го продолжам договорот со Манчестер Сити на уште една година, но тоа сега не ми е приоритет, иако е опција. Мојата желба е враќање во Аргентина“, изјави Агуеро.

 

Тој почнал да тренира за Индепендиенте како деветгодишен, во 1997 година, а неговиот прв професионален договор го направил во 2003, за да остане уште три сезони. Потоа замина во Атлетико Мадрид, каде што остана пет години. Аргентинецот на „Етихад“ пристигна во 2011 година за 35 милиони фунти  и оттогаш постигна 178 голови за „граѓаните“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи