Владата го усвои Буџетот за 2018 година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Владата на Република Македонија на својата 37 седница, што се одржа синоќа, го разгледа и усвои Предлог Буџетот на Република Македонија за 2018 година, и донесе заклучок предлогот за буџетските трошоци за наредната година да биде пуштен во постапка на дебата и усвојување во Собранието на Република Македонија.

 

Според податоците што министерот за финансии, Драган Тевдовски ги презентираше пред јавноста, граѓанските организации и пред претставниците на стопанските комори, буџетот за 2018 година тежи 3,4 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е планиран на 2,7 проценти од домашниот бруто-производ.

 

На оваа седница владата го разгледа и усвои и Предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година. На предлог на Министерството за финансии, владата на оваа седница го разгледа и усвои документот за Фискална стратегија на Република Македонија за 2018-2020.

 

Исто така на синоќешната седница владата го разгледа и предлог-законот за изменување и дополнување на законот за персоналниот данок на доход. Со предложените измени, граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава. Отсега тоа ќе го прави Управата за јавни приходи а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или коригираат информациите во пријавата.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи