Заев: Ова е буџет кој гарантира домаќинско работење и финансиска стабилност на Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција го соопшти предлог-буџетот за 2018 година, откако синоќа Владата истиот го разгледа и го усвои и донесе заклучок предлогот за буџетските трошоци за наредната година да биде пуштен во постапка на дебата и усвојување во Собранието на Р. Македонија.

 

„Првпат предлог–буџетот беше објавен на јавна дебата со цел во консултација со јавноста да се знае каде се трошат парите на граѓаните. Буџетот ги обезбедува основните потреби, навремена исплата на плати, пензии, социјални трансфери. Ова е буџет за граѓаните и за финансиска стабилност на Република Македонија. Во 2018 година уште поизразено продолжуваме со кратење на непродуктивните трошоци и тие пари ги насочуваме за потребите на граѓаните“, изјави Зоран Заев, премиер на Македонија.

 

Заев на прес-конференцијата најави поголеми капитални инвестиции и кратење на непродуктивните трошоци. Тој исто така потенцираше дека во буџетот биле предвидени средства за поддршка на културните институции во земјава.

 

„Ги подигаме заборавените културно-историски споменици. Издвоивме 10 милиони денари за обновување на Офицерскиот дом во Битола, вложуваме исто така 10 милиони денари за спомен-обележјето на Тоше Проески во Крушево и многу вакви слични проекти“, рече Заев.

 

Исто така, премиерот Заев спомена дека ќе се зголемуваат платите во здравството и образованието за 5 отсто, додека во одбраната, како што рече, зголемувањето ќе изнесува 10 проценти.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи