Симболизмот на моторџиштвото претставува филозофија на живеење. Заедништвото , слогата која што постои во еден традиционален мото клуб е тоа што нè издвојува.
Разликата помеѓу спортските мото клубови и Ем-Си културата е тоа што нашиот мото клуб претставува мото братство. Мото братството претставува склоп на меѓусебно разбирање, меѓусебна сплотеност и во добро и во лошо.
Мото културата во МК во моментот фукционира со меѓусебно дружење и соработка помеѓу мото клубовите и потребна е многу работа со цел издигање на едно повисоко ниво, како што е во другите држави.
Мото турата Мариово која ја организиравме 5 години, од 2008 до 2012 претставуваше репер на Балканот и пошироко како треба да изгледа една моторџиска средба и забава. Се планира кам-бек на истата и тоа ќе биде настан организиран на едно светско ниво.
Повеќе за мото братството Sons of Thunder MC видете во интервјуто со Симеон Стојчески, претседател на мото клубот кој пред неколку денови го доби највисокото признание на Општина Прилеп, наградата „3 Ноември“.