ЕК: Економскиот раст на Македонија годинава 1,7 отсто, догодина 2,7

Facebook
Twitter
Email
Print

Европската комисија во најновиот есенски економски извештај предвидува дека Македонија годинава ќе ја заврши со економски раст од 1,7 отсто.

 

Во извештајот се вели дека економските движења и инвестициите во првото полугодие се намалиле поради продолжената политичка криза, но, како што се наведува, со новата Влада која дојде во јуни и која најавувала дека е посветена на спроведување структурни и фискални реформи и поддршка на домашната побарувачка и вработувањата, се очекува интересот на инвеститорите да се врати, а економската активност да зајакне.

 

За наредната година ЕК прогнозира раст на македонскиот БДП од 2,7, а во 2019 година од 3,2 отсто. Се предвидува и натамошен раст на вработувањето и намалување на стапката на невработеност догодина на 21,4, а во 2019 на 21 отсто.

 

ЕК има оптимистички прогнози за развојот на македонската економијата и очекува на растот на БДП најмногу да влијае домашната побарувачка и потрошувачка. Позитивно влијание ќе има и зголемувањето на минималните плати, како и јавните инвестиции.

 

Економскиот раст, според ЕК, може повторно да биде забавен во случај на повторно влошување на политичката ситуација која, како што оценува, останува кревка, но сепак, ризикот за тоа сега е многу помал отколку во првата половина од годинава.

 

Фискалната одржливост може да биде загрозена ако Владата ги зголеми трошоците за субвенции и плати без истовремено спроведување на трајни мерки за консолидација, оценува ЕК во есенскиот економски извештај

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи