ВИДЕО : Две жртви во две различни сообраќајни несреќи во Прилеп

Дваесет и осум годишниот И.В. од Прилеп загина попладнево во тешка сообраќајна несреќа која околу 17.45 минути се случи на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, во близина на излезот за Скопје кај бензинската пумпа на „Макпетрол“.

 

 

Според СВР Битола до несреќата дошло кога од засега непознати причини возилото „Хонда Сивик“ кое го управувал И.В. излетало од улицата удирајќи во дворот на една куќа. Сопствениците на куќата го расчистуваа дворот и видно вознемирени не сакаа да дадат изјава во камера. Истакнаа само дека слушнале силен удар во нивниот двор, а кога излегле да видат сцената била страшна, возачот веднаш починал на лице место.

 

Од итната медицинска помош од Прилеп информираат дека нивна екипа веднаш излегла на лице место, но за жал лекарите можеле само да ја констатираат смртта на И.В.

 

Увид извршиле ии екипи од ПС Прилеп и Јавен обвинител кој наредил да се изврши обдукција врз телото на починатиот.

 

Другата сообраќајна несреќа се случила околу 17.20 часот на патот Прилеп – Битола, во близина на н.м. Тополчани. Според изјавата од СВР Битола во несреќата животот го загубил 35 годишниот Т.С. од селото Граешница.

 

Според првичните информации до несреќата дошло при судир на возило „Голф 5“, со битолски регистарски таблици, со кое управувал сега починатиот Т.С. и возило „Голф 4“ со прилепски таблици.

 

Во возилото на починатиот Т.С. имало уште и 3 малолетни и 1 полнолетно лице кои со повреди биле згрижени на клиничката болница во Битола. Во битолската болница исто така е згрижен и возачот на возилото „Голф 4“ со прилепски таблици.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи