ЕУ потпишува одбранбен пакет, се создава европска армија

Facebook
Twitter
Email
Print

Франција, Германија и 20 други членки на Европската унија ќе потпишат во Брисел одбранбен пакет за кој се надеваат дека ќе сигнализира почеток на нова ера во воената интеграција на Европа.

 

Државите членки на ЕУ се надеваат дека одбранбениот пакет ќе ја намали зависноста на Европа од САД и ќе и даде на Унијата кохерентна улога во соочување со меѓународните кризи.

 

„Никогаш не сме отишле олку далеку. Сега сме во нова ситуација“, изјави неименуван високорангиран функционер на ЕУ за Ројтерс.

 

Ова е прв обид да се направи одбранбен пакет на ЕУ од педесеттите години, а би требало да го потпишат министри за надворешни работи и министри за одбрана на ЕУ. Ваков договор долго блокираше Британија која е против формирање војска на ЕУ, но Франција и Германија ја заживеаја идејата откако официјален Лондон одлучи да ја напушти Унијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи