Над 200 загинати во силниот земјотрес кој ги погоди Ирак и Иран

Facebook
Twitter
Email
Print

Над 200 лица загинаа во силниот земјотрес кој ја погоди пограничната област помеѓу Ирак и Иран.

 

Епицентарот на земјотресот е на југозапад од градот Халабџа на длабочина од 25 километри. Ирачкиот институт соопштува за магнитуда од 6,5, додека според САД таа изнесувала 7,3.

 

 

Медиумите објавија дека земјотресот се почувствувал низ целиот Ирак, вклучително и во главниот град Багдад.

 

Иранската државна телевизија објави дека потресот е почувствуван во главниот град Техеран и направи репортажи за уништени села, каде се прекинативодоснабдувањето и електричната енергија и во областасе испратениекипи за спасување.

 

Халабџа е град со околу 57.000 жители, а најголемиот град, каде потресот почувствуван особено силно – Ербил, има население од околу милион луѓе.

 

Американската скала за прогнозирање на штета и жртви покажува 35% веројатност да загинале до 1.000 луѓе, но и 22% потресот да убил до 10.000 жители. Еквивалентот во долари на предизвиканата штета е помеѓу 100 милиони (38%) и 1 милијарда (33%).

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи