Реал планира понуда за Нејмар која се граничи со лудост!

Facebook
Twitter
Email
Print

Нејмар беше тема на летото со рекордниот трансфер од Барселона во ПСЖ, за 222 милиони евра, но изгледа му годи вниманието, па продолжи да ги полни насловниците. Сега искажува незадоволство од париската екипа, а тоа е покана за Реал Мадред да направи потег.

 

Не се тајна симпатиите на Реал Мадрид кон Нејмар, уште од времето кога играше во Сантос, во Бразил, меѓутоа тој ја одбра Барселона. Откако реши да си оди од Каталонците, Нејмар повторно стана примамлив за Реал, затоа Флорентино Перез планирал монструозна понуда за да го доведе.

 

„Гардиан“ денес открива дека Реал веќе прави план како да го убеди ПСЖ да го пушти Нејмар, кого го проценува на 400 милиони евра. „Кралевите“ се спремни покрај огромна сума на пари во Париз да ги испратат и двете свои ѕвезди, Герет Бејл и Тони Крос.

 

Во случај да пристигне ваква „луда“ понуда, раководните луѓе од ПСЖ секако ќе треба добро да размислат!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи