Романците протестираат против новите даночни реформи

Facebook
Twitter
Email
Print

Илјадници Романци протестираа ширум земјата против новите даночни реформи што предвидуваат работниците да плаќаат такси во областа на социјалното осигурување, што досега беше обврска што ја делеа заедно со работодавачите.

 

Романската Влада на 8 ноември со итен декрет усвои непопуларна мерка со која трошоците за плаќање придонес за социјално осигурување се префрлаат на работниците што досега беше обврска на работодавецот.

 

По усвоените мерки, вредноста на националната валута се намали на најниско ниво од 2012 година. Романија со овие измени стана единствена членка на ЕУ во која придонесите се на товар на работниците.

 

Демонстрантите во Букурешт, и уште девет градови ширум земјата, носеа романски знамиња и бараа оставки.

 

Критичарите предупредуваат дека новите мерки, усвоени минатата недела, би можеле да доведат до намалување на платата во Романија.

 

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, синдикатите, здружението на инвеститори и граѓаните се противат на промените, додека министерот за финансии, Јонут Миса, смета дека од новите мерки корист ќе имаат и компаниите и вработените.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи