Именувани нови седум в.д. директори на три средни и четири основни училишта во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, според Законот за основно и средно образование на 13.11.2017 година именуваше нови в.д. директори.

 

За нов в.д. директор на СОУ„Ѓорче Петров“ е именуван Страшо Ѓорѓиоски на местото од Дејан Димоски, а на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ е поставена Билјана Маркоска на местото од Васил Гајтаноски. Димитријанка Манолева е нов в.д директор на СОУ „Орде Чопела“ на местото од Елизабета Трајкоска.

 

На ООУ „Гоце Делчев“ денеска за нов в.д. директор е поставен Веле Ѓорѓиоски, кој го замени досегашниот директор Трајче Караилоски. На ООУ „Кочо Рацин“ нов в.д. директор е Зора Чадамова на местото од Петре Крагуески, во ООУ „Круме Волнароски“ во н.м. Тополчани за в.д. директор е именувана Јасмина Караниколова на местото од Дејан Бунтески, а за нова в.д директорка во ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ е назначена Кети Стевананџија  на местото од досегашниот директор Николче Кузески.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи