Крај на една ера: Легендарниот Буфон се прости од „Аѕурите“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Италија одигра само нерешено 0-0 против Шведска на „Сан Сиро“ и за првпат по 60 години не успеа да се пласира на едно светско првенство. Со тоа, ниту голманот Џанлуиџи Буфон нема да може да настапи на неговиот шести светски мундијал.

 

Италија досега не настапи само на првенството во Уругвај во 1930 година и во Шведска во 1958-мата. Во меѓувреме, Шведска немаше пласман на последните две првенства. Најголем победник од дуелот Италија-Шведска беше репрезентацијата на Хрватска која ќе биде во второт шешир.

 

Катастрофалниот резултат на „Азурите“ значеше и крај на репрезентативната кариера за 39-годишниот Џиџи Буфон.

 

Легендарниот голман на Јувентус се надеваше дека простувањето од националниот дрес ќе се случи, па можеби и во финалниот меч на светското првенство следното лето во Русија, меѓутоа по шокантната елиминација од Шведска во дополнителните европски квалификации, реши да се збогува од репрезентацијата на Италија.

 

„Не сакав да заминам на ваков начин. Тажен сум бидејќи мојот последен натпревар заврши со испаѓање и пропуштање на светско првенство. Не ми е жал поради мене, туку поради целата репрезентација“, изјави Буфон со насолзени очи.

 

Прославениот голман, инаку, започнал да тренира фудбал како играч од средниот ред, а на 12-годишна возраст се преселил меѓу стативите. Бранел за сите италијански возрасни селекци, од У-15 до У-23, а беше член и на италијанската олимписка репрезентација на Игрите во Атланта во 1996 година.

 

За сениорската селекција на Италија дебитираше како 19-годишник во октомври 1997 година против Русија и токму во дополнителните квалификации за Светското првенство во 1998 година, и по три децении заминува како рекордер со 175 репрезентативни настапи.

 

Буфон настапил на вкупно 11 големи натпреварувања. Настапи на пет светски првенства (1998, 2002, 2006, 2010, 2014), на четири европски првенства (2004, 2008, 2012, 2016), како и на два Купа на конфедерациите (2009 и 2013).

 

Најголемиот успех со репрезентацијата го оствари во 2006 година кога ги предводеше Италијанците до светската титула. Шест години подоцна ја освои вицешампионската титула на европското првенство, а има и трето место од Купот на конфедерациите во 2013 година.

 

На прашањето дали стравува за иднината на италијанскиот фудбал, Буфон одговори дека Италија има добри играчи и дека неговата позиција ја остава на младиот голман и негов имењак од редовите на Милан, Џанлуиџи Донарума

 

Имено, ова е крај на една ера на италијанската репрезентација, бидејќи покрај Буфон, од националниот дрес се богуваа и Џорџо Киелини, Даниеле Де Роси и Андреа Барзаљи. Тие тоа го изјавија по натпреварот и едногласно рекоја дека дојде времето за некои нови генерации.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи