„Мундо Депортиво“: Трансферот на Гризман во Барса е веќе договорен!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Гризман минатото лето беше мета на многу клубови, но одлучи да остане во Атлетико бидејќи шпанскиот клуб поради суспензијата не можеше да доведува нови фудбалери. Сепак, суспензијата на „јорганџиите“ истакува на почетокот на 2018 година, а шпанските и француските медиуми шпекулираат дека Гризман веќе во јануари би можел да ја промени средината.

 

Иако голем интерес за Гризман покажа Манчестер Јунајтед неодамна се појави и информацијата дека Барселона сака да го доведе веќе во јануари, а и самиот играч сакал да се пресели на Ноу Камп.

 

Според француските медиуми, но и шпанскиот „Мундо Депортиво“, Барселона и Атлетико Мадрид веќе успеале да го договорат овој трансфер и останува само да се решат некои мали детали како и документацијата помеѓу двете страни, а неофицијално Гризман би требало да потпише договор на пет години според кој би заработувал 20 милиони евра годишно.

 

Овие информации иако не се потврдени, треба да се напомене дека доаѓаат од реномиран медиум како „Мундо Депортиво“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи