Снежен бран го зафати Балканот, кај нас засега само дожд

Facebook
Twitter
Email
Print

Студено време со снежни врнежи го зафати северозападниот дел на Балканскиот Полуостров. Снегот предизвика проблеми во сообраќајот во Словенија, Хрватска и БиХ, а за Црна Гора е издаден „црвен“ метео аларм.

 

Во Сараево во текот на ноќта паѓаше снег, а метеоролозите најавуваат тоа да продолжи и следните денови.

 

Снегот во Хрватска, направи проблеми во сообраќајот. Затворени се неколку линии на траекти, а снегот предизвика и проблеми во копнениот сообраќај.

 

Европската мрежа на метеоролошки сервиси објави за денеска црвен метеоаларм за целата територија на Црна Гора. Алармот е на сила поради исчекување на силен дожд од најмалку 50 мм за 12 часа, ветер со јачина од 50 км на час и силни грмотевици.

 

Кај нас времето е претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Скопје температурата до 15 °C.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи