Рекордна цена за еден од најголемите дијаманти

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Најголемиот дијамант, предложен некогаш на аукција, беше продаден во Женева вчеравечер, објави аукциската куќа „Кристис“, цитирана од „Франс Прес“. Белиот дијамант од 163.41 карати со име „Art of Grisogono” е продаден за 33. 8 милиони долари (28.7 милиони евра).

 

Анонимен купувач на наддавањето во организација на аукциската куќа Кристис во Женева телефонски понуди највисока цена и го купи белиот дијамант. Безбојниот дијамант од 163,41 карат е дел од смарагдниот и дијамантски гердан Грисогоно (The Art of Grisogono), накит кој, според „Кристис“, претставува „маестрално дело со неспоредлива убавина и извонредна уметничка изработка“.

 

 

Каменот со исклучителен квалитет е изработен од 404-каратен дијамант и во редот на најголемите досега пронајдени необработени дијаманти го зазема 27. место во светот. Каменот бил пронајден во февруари во рудникот Луло во Ангола.

 

Втор врв на вчерашната аукција во Женева беше наддавањето за еден розев дијамант од 19,7 карати, кој ги красел круните на бројни француски кралици и кралеви, како Луј 14 и Луј 16, и Наполеон. „Grand Mazarin” , наречен според италијанскиот кардинал Мазарин. Тој беше продаден за околу 12,3 милиони евра.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи