Војската ја презеде контролата во Зимбабве, Мугабе и семејството во притвор

Facebook
Twitter
Email
Print

Војската на Зимбабве соопшти денес дека претседателот на земјата Роберт Мугабе и неговата жена се во притвор, но дека „безбедноста им е загарантирана“.

 

Акцијата на војската, која ја зазема државната телевизија, предизвикаа шпекулации дека станува збор за државен удар, но војската демантираше.

 

„Само се фокусиравме на криминалците кои го опкружуваат (Мугабе). Очекуваме ситуацијата да се врати во нормала кога ќе заврши нашата мисија. Го уверуваме нашиот народ дека неговата екселенција претседателот и неговото семејство се живи и здрави и дека нивната безбедност е загарантирана“, изјави еден од генералите.

 

Синоќа војници во оклопни транспортери заземаа клучни позиции во главниот град Хараре. Портпаролот на војската ги повика останатите сили на безбедност „да соработуваат за доброто на земјата“ и предупреди дека „на секоја провокација ќе биде соодветно одговорено“.

 

Владејачката партија Зану-ПФ  објави на „Твитер“дека поранешниот потпретседател Емерсон Мнангагва е поставен за привремен претседател на државата. Би-би-си наведува дека 75-годишниот Мнангагва бил потпретседател на Зимбабве додека владата не го сменила поради искажување нелојалност, а таа смена била се чинела како подготвување на сопругата на Мугабе да ја преземе власта од својот сопруг, со оглед дека таа самата претходно од Мугабе побарала смена на Мнангагва.

 

Претседателот Мугабе, роден на 21 февруари 1924 година, по стекнувањето на независноста на Зимбабве беше најпрво премиер, од 1980 до 1987 година, а од таа година е шеф на државата.

 

Контроверзниот претседател, национален херој на ослободувањето на Зимбабве од колонијалното владеење, го обвинуваат за задушување на опозицијата и уништување на земјата. Познат е по запаливите навреди кон Западот, своите противници и новинарите.

 

Мугабе поради начинот на владеење и одговорноста за состојбата во Зимбабве со кој владее со цврста рака, од 2002 година е под европски и американски санкции.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи