Прво заминување од ПСЖ: Моура во јануари оди во Челси

Facebook
Twitter
Email
Print

Откако се најде во теснец поради прекршувањето на фер-плеј правилникот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Пари Сен Жермен ќе мора да продаде неколку фудбалери за да го намали минусното салдо од 80 милиони евра, а веќе едно заминување од „Паркот на принцовите“ е договорено.

 

Наводно ПСЖ веќе постигнал договор со Челзи, па на „Стенфорд Бриџ“ треба да пристигне Лукас Моура за 30 милиони евра. Бразилецот веќе подолго време е на излезна врата од клубот, па најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Лондон.

 

Лукас на „Стенфорд Бриџ“ треба да го замени својот сонародник Вилијам, кој според последните информации сака да ја промени средината и се шпекулира со рекорден трансфер во Кина.

 

Моура на „Паркот на принцовите“ дојде за 45 милиони евра од Сао Паоло, одигра 212 меча и даде 44 гола.

 

Ова е само првата продажба, а медиумите тврдат дека ПСЖ во зимскиот преоден рок сака да се ослободи уште од Ди Марија, Пасторе и Бен Арфа.

 

Со оглед дека за идната година веќе имаат потрошено 185 милиони евра за Килијан Мбапе, кој сезонава игра на заем, но во јуни ќе треба трансферот да се исплати во Монако, на ПСЖ дефинитивно им требаат средства за да го нормализираат финансискиот фер-плеј наметнат од УЕФА.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи