Владата ги поддржа измените на Законот за заштита на сведоци

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Владата на Република Македонија на 38-та седница, донесе одлука да предложи до Собранието на усвојување предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, информираат од владината прес-служба. Целта на оваа предложена законска измена е да се обезбедат услови за спроведување на законот за СЈО.

 

„Владата донесе одлука да предложи на усвојување на Собранието на РМ предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци. Целта на оваа предложена законска измена е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“ соопштија од Владата.

 

СЈО инсистираше на промена на овој закон за самите тие да може да одлучат кој ќе биде вметнат во програмата за заштитени сведоци, зашто се плашат од протекување на информации.

 

Според постоечкиот закон, одлуката за доделување на статусот заштитен сведок ја донесува Совет за заштита на сведоци. Како што е предвидено со членот 6 од овој закон Советот е составен од пет члена – претставник на Врховниот суд од редот на судиите, претставник од Јавното обвинителство од редот на замениците јавни обвинители, директорот на Управата за извршување на санкциите во Министерството за правда, претставник од МВР и раководителот на Одделението во МВР.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи