Грчки медиуми : Нимиц следната недела ќе предложи ново име за Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Посредникот на ОН во македонското име Метју Нимиц ќе излезе со конкретен предлог за решавање на спорот помеѓу Скопје и Атина, објавија грчките медиуми.

Ова се очекува да се случи за време на состанокот со претставниците на Грција и Македонија – Адамантиос Василакис и Васко Наумовски. Таа е закажана за 20 и 21 ноември во Њујорк.

По победата на премиерот Зоран Заев на локалните избори и стабилизирањето на неговата влада,Грција очекува Македонија да продолжи со работата на “добрата волја”. Според Грција првиот показател би бил да се смени името на аеродромот „Александар Македонски“ во главниот град и да се тргнат спомениците од проектот Скопје 2014.

Грчките медиуми, исто така, објавија дека македонскиот вицепремиер Кочо Ангушев вчера во Вашингтон побарал од САД да го  поддржат решавањето на спорот за името.

 

Средбата на претставниците на Грција и на Македонија со медиаторот Метју Нимиц што требаше да се одржи на 20 или 21 ноември е одложена и најверојатно ќе биде одржана во текот на декември. Причините за одложувањето на средбата засега не се посочуваат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи