Започна откупот на тутун, тутунарите очекуваат повисоки цени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во прилепскиот тутунски комбинат започна откупот на тутунот. Според најавите на комбинатот ќе бидат откупени 2 700 тони тутун, а останатите откупувачи од 28 000 тутнари од прилепскиот дел на Пелагонија ќе откупат 16 000 тони тутун, многу поквалитетен во споредба со ланскиот.

 

„Цените ги зголемивме и ќе бидеме конкурентни. Исплатата на парите за откупениот тутун ќе се врши за три дена, бидејќи средствата се обезбедени. Најпрво стартуваме со откуп во градскиот пункт, а наредните денови и во населените места“, изјави Кире Станкоски, директор на Тутунскиот комбинат од Прилеп

 

Жолтото злато ќе се откупува во над 149 откупни пунктови, со 187 ваги на ниво на Македонија. Се планира да бидат откупени 26 илјади и 500-ни тони тутун од над 28 илјади кооперанти. Мострите се заверени и се подигнати, а деветте откупувачи имаат банкарски гаранции дека ќе го платат родот, велат од Сојузот на тутунските здруженија.

 

Годинава родот е помал, но е далеку поквалитетен, па тутунарите очекуваат да се постигне повисока цена. Просечната откупна цена на тутунот треба да достигне над 200 денари за килограм, односно да биде повисока за 10-15% во однос на ланската.

 

Откупната кампања се очекува да заврши до 20-ти февруари. Ланската реколта донесе цена од 196 денари по килограм откупен тутун.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи