Поради силните поројни дождови кои денеска го зафатија Прилеп, населбата Тризла беше погодена од поплави во кои настрадаа неколку куќи на улицата „Дебарца“.
Од Општина Прилеп информираат дека по пријава на граѓаните, населбата ја посетил и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски, како и екипите на ЈКП „Водовод и Канализација“ кои веднаш започнале со расчистување на теренот од наносите, како и со расчитување на одводните канали кои не се исчистени подолг период.
Жителите на оваа населба искажале голема благодарност од навремената интервенција на Општина Прилеп и Јавните претпријатија.