Нимиц закажа средба за името во Брисел на 11 и 12 декември

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, закажа средба со претставниците на двете земји во Брисел на 11 и 12 декември.

 

„Средбата е дел од напорите на ОН да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името“, се наведува во соопштението од канцеларијата на Нимиц.

 

Првично разговорите беа планирани за наредната недела, но беа одложени и презакажани за декември. Новата рунда разговори доаѓа во период на подобрена политичка клима меѓу Македонија и Грција, како и оптимистички очекувања од Скопје, Атина и Вашингтон за ставање крај на долгогодишниот спор.

 

Премиерот Зоран Заев, по вчерашната средба во Скопје со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, рече дека состанокот на медијаторот на Обединетите нации со преговарачите во спорот меѓу Македонија и Грција за името е одложен поради обврските на двете страни и пролонгиран за почетокот на декември.

 

„Тоа беше само желба, проектиран датум, веројатно поради обврските на двете страни е пролонгирана за почетокот на декември. Ќе се одржат ваквите средби, ги знам и деталите, не би ги објавувал затоа што организатор е господинот Нимиц, но реално знам дека нема причини за одложување на средбата“, рече Заев.

 

Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји минатата недела на дебата во Вашингтон рече дека прашањето за името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение, а шефот на грчката диломатија Никос Коѕијас, пак, изјави дека очекува прашањето да биде затворено во првата половина на наредната година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи