Почина Малколм Јанг, еден од основачите на AC/DC

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Легендарниот гитарист и еден од основачите на бендот AC/DC, Малколм Јанг почина на 64 годишна возраст. Гитаристот почина опкружен со своето семејство, после долга битка со деменција.

 

Роден на 6 Јануари 1953 година во Глазгов, Шкотска, Малколм претставуваше движечка сила во бендот заедно со неговиот помал брат и исто така легендарен гитарист и основач на бендот, Ангус.

 

Малколм има напишано голем дел од текстовите за песните на AC/DC, како и креирано добар дел од легендарните рифови. Во април 2014 година беше соопштено дека Јанг ќе земе отсуство од бендот, со цел да се посвети на лекувањето од деменција, пред целосно да се пензионира во септември истата година.

 

Тој беше заменет од страна на неговиот внук Стиви, со цел бендот да може да оди на турнеја за нивниот последен албум Rock or Bust.

 

AC/DC излегоа со официјално соопштение во врска со смртта на Малком кое гласи:

 

„Со огромна жалост од AC/DC ви соопштуваме дека Малколм Јанг почина. Малколм, заедно со Ангус, беше основач на AC/DC. Со огромна посветеност беше движечката сила на бендот. Како гитарист, текстописец и визионер беше перфекционист и уникатен човек. Правеше и говореше што сака и беше прилично горд на таа негова особина. Неговата лојалност кон фановите беше ненадминлива.

Како брат, многу тешко е да опишам со зборови колку тој ми значеше во мојот живот, врската што ја имавме беше уникатна. Зад себе остава огромно наследство што ќе живее засекогаш.

Малколм, одлична работа!“

 

Исто така со соопштение излегоа и од неговата фамилија:

 

„Со огромна жалост ве информираме за смртта на Малколм Јанг. Малколм страдаше од деменција неколку години и мирно почина во саботата, во кругот на неговото семејство. Познат по неговата музичка генијалност, Малколм беше текстописец, гитарист, изведувач, продуцент и визионер кој инспирираше многу други. Од старт знаеше што е потребно и заедно со неговиот брат ја освоија светската сцена давајќи го својот максимум. Нивните фанови не заслужуваа ништо помалку.“

 

Музиката дефинитивно загуби уште една легенда.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи