Русија предупредува на можни терористички напади во Европа и САД

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Руското Министерство за надворешни работи ги предупреди руските државјани на можни терористички напади во големите европски и американски градови за време на Нова година и Божиќ.

 

„Постои голема веројатност за терористички напади во Европа и САД во текот на новогодишните и божикните празници од 20 декември до 20 јануари, соопшти Министерството на „Твитер“.

 

Предупредувањето вчера го објави Центарот за справување со кризи, во рамките на Министерството.

 

„Одделот за справување со кризи на руското Министерство за надворешни работи е формиран со цел да реагира на итни ситуации поврзани со опасности по животот, здравјето и безбедноста за руските граѓани во странство“, вели руската новинска агенција Тас.

 

Анис Амри, терорист по потекло од Тунис, влета со камион на божикен саем во Берлин на 19 декември минатата година убивајќи 12 лица. Терористичката група Исламска држава презеде одговорност за нападот. Терористички напад се случи лани и за време на новогодишната ноќ во Турција, кога во дискотека беа застрела 39 лица.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи