СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ имаше 12 години да обезбеди мерни станици за квалитетот на амбиенталниот воздух во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

ВМРО-ДПМНЕ имаше 12 години да обезбеди мерни станици за квалитетот на амбиенталниот воздух. Но, наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ, ги трошеше парите на граѓаните на популистички реклами дека здравјето нема цена, без притоа да преземе ниту еден чекор за обезбедување почист воздух. Оваа се вели во соопштението на СДСМ, кое доаѓа како реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

 

„Дополнително, бившата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исече дрворедите од градското подрачје на Општина Прилеп, со што ги отстрани и оние малку дрвја што ни даваа кислород во градот.

 

Затоа, ваквите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ, во најблага форма кажано, се лицемерни и служат само за собирање на ситни дневно политички поени. Владата на Република Македонија и новата општинска власт, имаат сериозен и одговорен пристап по однос на прашањето за обезбедување почист воздух, без да ги доведуваат во заблуда граѓаните.

 

Затоа, работиме активно и внимателно на обезбедување долгорочни услови за почиста животна средина во интерес на сите граѓани на Општина Прилеп“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи