ВМРО-ДПМНЕ имаше 12 години да обезбеди мерни станици за квалитетот на амбиенталниот воздух. Но, наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ, ги трошеше парите на граѓаните на популистички реклами дека здравјето нема цена, без притоа да преземе ниту еден чекор за обезбедување почист воздух. Оваа се вели во соопштението на СДСМ, кое доаѓа како реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштението го пренесуваме во целост.
„Дополнително, бившата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исече дрворедите од градското подрачје на Општина Прилеп, со што ги отстрани и оние малку дрвја што ни даваа кислород во градот.
Затоа, ваквите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ, во најблага форма кажано, се лицемерни и служат само за собирање на ситни дневно политички поени. Владата на Република Македонија и новата општинска власт, имаат сериозен и одговорен пристап по однос на прашањето за обезбедување почист воздух, без да ги доведуваат во заблуда граѓаните.
Затоа, работиме активно и внимателно на обезбедување долгорочни услови за почиста животна средина во интерес на сите граѓани на Општина Прилеп“