ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Илија Јованоски да го реализира ветувањето и да „донесе чист воздух” во Прилеп

Со оваа прес конференција сакаме да се обратиме до вас, но и до надлежните локални власти и да ги повикаме да се подготват добро за следната седница на Советот. Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост. 

 

„Имајќи го во предвид фактот што грејната сезона е почната, и е во полн ек, а земајќи ја во предвид предизборната програма на актуелната власт предводена од СДС и Градоначалникот Илија Јованоски во која на граѓаните им ветуваа живот и чист воздух, ја користиме оваа прилика да ги информираме дека како советничка група на ВМРО – ДПМНЕ на првата наредна седница на Советот ќе побараме дополнување на Дневниот ред на седницата со една точка и тоа: Донесување на Одлука за одобрување на средства за набавка на четири апарати за мерење на загаденоста на воздухот на територијата на Општина Прилеп.

 

Имено, ако ветувате дека на граѓаните ќе им обезбедите чист воздух така треба да почнете и да делувате. Затоа ние ќе бараме од Советот да донесе одлука со која ќе се набават овие апарати со кои континуирано би се контролирал квалитетот на воздухот во Општинава и неговата загаденост.

 

Согласно Законот за квалитетот на амбиентниот воздух и неговите одредби постои можност и локалните власти да воспостават локални мрежи кои вклучуваат автоматски мониторинг станици за мерење на нивото на сулфур диоксид, азот диоксид, јаглерод моноксид и суспендирани честички со големина до 10 микрометри (PM10) во воздухот.

 

Затоа што буџетот за 2018-та сега се подготвува и затоа што нема никаква пречка за набавка на вакви мерни станици, еве можност градоначалникот Илија Јованоски да реализира едно од своите ветувања и „да донесе чист воздух во Прилеп”.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи