ВМРО-ДПМНЕ : Апаратите за мерење на загаденоста на воздухот се предизборно ветување на СДСМ кое треба да го исполни

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

За да бидеме на чисто, веднаш ќе нагласиме: ВМРО – ДПМНЕ не беше на власт во ниту еден мандат со дадено ветување дека на граѓаните ќе им донесе воздух. Вие и градоначалникот Илија Јованоски дојдовте на власт ветуваќи дека ќе ни дадете воздух и ќе набавите апарати за мерење на загаденоста на воздухот. Истакнаа во денешното соопштение кое доаѓа како реакциија на вчерашното соопштение на СДСМ.

 

 

Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ го пренесуваме во целост.

 

 

„Тоа е ваша обврска и Ваше ветување. Наместо да вработувате внуки, братучеди, шарени револуционери и луѓе на кои Јованоски највероватно им должи нешто, купете ги овие апарати!

 

Како прво за да реагирате на некоја прес конференција, или пред да реагирате,  добро е  да прочитате прво и да навлезете во темата за која се дискутира. Имено ОК на ВМРО- ДПМНЕ Прилеп, зборуваше за Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, а не за амбиентален како што стои во вашата реакција.

 

Како најголеми загадувачи на животната средина се индустриските капацитети и моторните возила. По однос на првото, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, презеде чекори за обезбедување на природен гас и почна со реализација и изградба на Гасоводот кој вие го сопревте, со кој ќе се добиеше извор на енергија кој има помала емисија на штетни гасови.

 

Се донесоа мерики за заштита на животната средина со кои на големите загадувачи од Катастарот на загадувачи на воздухот мора да се постават филтри за прочистување на загадувачките супстанции на воздухот.

 

По однос на моторните возила се донесе Закон за увоз на половни возила кои ги задоволуваат европските стандарди за емисија на штетни гасови и со тоа се придонесе за намалување на загаденоста на воздухот од емисијата на штетни гасови од возилата кои беа стари повеќе од 30 години и не поседуваа каталитички системи за намалување на емисијата на штетни гасови.

 

Дрворедите пак кои ги споменувате не беа исечени заради популистичи цели туку затоа што без во фаза на сушење и како такви прво беа опасност за граѓаните (паѓање на суви гранки и предизвикување на физички повреди и материјални штети), а и постоеше можност за нивно целосно угинување заради страрост (сушење) со што комплетно ќе ја изгубевме функцијата на „бели дробови“ на градот. Со отсекувањето на гранките на растенијата, тие  се обновуваат и се спремни за вршење на процесот на фотосинтеза со што се подобрува  квалитетот на амбиентниот воздух.

 

И за крај, сега вие ја водите и државава и општинава, па на вас е редот да направите нешто за квалитетот на амбиентниот воздух.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи