Груевски не се чувствува виновен за „шамарите во Центар“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, екс министерот Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова не се чувствуваат виновни за кривичните дела за кои се товарот во случајот „шамари во Центар“.

 

Груевски кратко изјави дека не се чувствува виновен, а Јанакиески изјави „Ниту сум сторил нешто, ниту се чувствувам виновен“. Виновна не се чувствува и Рангелова.

 

Претседателот пак на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров призна вина.

 

„Да, се чувствувам виновен од оваа временска дистанца и се каам за истото“. рече Лазаров.

 

Во судот конечно почна главната расправа за случајот „шамари во Центар“. Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи го прочита обвинението.

 

Иако одбраната на обвинетите бараше одложување на расправата, судијката Татјана Михајлова не ги прифати предлозите и ја почна главната расправа за предметот.

 

За случајот обвинети се вкупно 15 лица, а Груевски се товари за поттикнување на насилството при протестите пред општина Центар во 2013 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи