Иванов – Мета: Поддршка за членството на Македонија во НАТО

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Односите меѓу нашите 2 земји не се само од егзистенцијално значење туку се значајни и за нашата иднина во ЕУ. Односите меѓу соседите понекогаш се поедноставни, но ние знаеме да ги искомплицираме. Доколку на луѓето цело време им судиме нема да остане време да ги сакаме, изјави претседателот на Албанија, Илир Мета, по средбата со Ѓорге Иванов во „Вила Водно“.

 

„Подобро да го трошиме времето работејќи и поддржувајќи се едни со други и притоа сите да имаме придобивка од оваа соработка и заемно разбирање, отколку да си судиме едни на други посебно за прашања поврзани со минатото“, рече Мета.

 

Тој истакна дека Македонија и Албанија можат да преставуваат пример за соработка во целиот регион.

 

„Со големо задоволство констатирам дека албанскиот фактор во Македонија е ориентиран кон стабилност, соживот и интеграции во ЕУ и НАТО. Исто така сакам да ја изразам мојата гордост од македонската заедница во Албанија заради нивните вредности кои и ги даваат на нашата земја, културно богатсво, традицијата и преставуваат мост што ги поврзува нашите земји“, истакна Мета.

 

Сите со нетрпение очекуваме Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО, но и да постигне видлив напредок на патот кон европската интеграција, порача Илир Мета.

 

„Во таа насока го поттикнуваме продолжувањето на дијалогот за надминување на сите прашањата, кои претставуваат пречка на тој пат. Македонија како членка на НАТО, не е успех само за самата земја, туку и за целиот регион, бидејќи тоа претставува фактор за безбедност во овие турбуленти времиња“, изјави Мета на заедничката прес-конференција со Иванов.

 

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов посочи дека Албанија и Македонија заедно почнале на патот кон НАТО, но откако Албанија стана членка, Македонија сега очекува нејзина поддршка во тој процес.

 

„Од аспект на иднината ги согледавме односите помеѓу нашите земји о и она што ги очекува. Во однос на влезот во НАТО почнавме заедно, но сега Албанија е членка на НАТО, а ние чекаме да бидеме поканети. Очекуваме Албанија да ја повлече и да и помогне на Македонија да стане членка на НАТО“, рече Иванов додадвајќи дека во однос на ЕУ сето она што Македонија го има направено, како искуство и стои на располаѓање на Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ интеграциите.

 

Во врска со можностите за зближување на народите на двете земји, но и на бизнис заедниците, според Иванов, неопходно е инфрастуктурно поврзување.

 

„Оправудвање за лошата соработка од страна на бизнис заедницата е инфраструктурата која не постои меѓу земјите посебно железницата која не постои и непристапноста до пристаништето во Драч. Разговаравме како да се најдат решение за да го поттикнеме растот на трговската размена меѓу нашите земји“, додаде Иванов.

 

На новинарското прашање дали Иванов ќе го потпише декретот за Законот за јазици, тој одговори дека досега собрал голем број експертски мислења од целата стручна јавност и кога законот ќе стигне кај него ќе се произнесе во согласност со Уставот на Република Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи