Одложено рочиштето за „Поткуп“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Премиерот Зоран Заев денеска се појави на суд, но судењето за случајот „Поткуп“ во кое тој е обвинет се одложи за на 25 декември бидејќи во тек е жалбената постапка за барањето за изземање на доказите

 

На 27 ноември во Апелациониот суд треба да се одржи јавна седница на која одбраната ќе образложи зошто бара снимката од кабинетот на Заев додека беше градоначалник, а која се појави на Јутјуб да не биде доказ во постапката.

 

Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи