Судењето за „Траекторија” закажано за 6 декември

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Судењето за предметот „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство, ќе почне на 6 декември, Кривичниот суд, кој на 13 ноември го прифати обвинението на СЈО за случајот, дал и два дополнителни датума за судење, 18 и 26 декември, потврдија од СЈО.

 

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, ексминистерот за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

 

Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи