Тече рокот за подигнување на решенија за данок на имот и комунална такса за 2017

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Одделението за администрирање приходи при Општина Прилеп ги информира сите физички и правни лица – даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, а на кои што не им било доставено или покој било кој основ не добиле решение со соодветно задолжување за 2017 година, тоа да го направат во наредните 15 дена.

 

Граѓаните своите решенија за данок на имот и комунална такса можат да ги подигнат секој работен ден во просториите на Одделението за администрирање на приходи, што се наоѓа на ул. „Прилепски бранители“ бр.10, наспроти поштата.

 

Со објавување на соопштението од страна на Оделението за администрирање приходи, доставата на решенијата се смета за уредна и сите негативни последици што можат да настанат од неподигање на решението, паѓаат на товар на граѓаните.

 

Од Одделението ги известуваат граѓаните дека е потребно да ги намират своите даночни обврски по основ на данок на имот и комунална такса заклучно со 2016 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи