Советот на ЕУ соопшти дека денеска се прифатени правилата за воведување на постојани проверки при преминување на надворешните граници на Унијата.Се очекува новиот систем, кој предизвика и промена на Шенгенскиот кодекс, да стапи во сила до 2020 година.
Во системот ќе бидат впишувани инфомрации за луѓето кои ги преминуваат надворешните граници на ЕУ, како и за случаите кога ќе биде одбиен влез во Унијата. Се очекува новиот систем да помогне во борбата со тероризмот и воспоставувањето на правилата за визи.
Системот ќе се спроведува за граѓани на држави надвор од ЕУ. Базата ќе се полни со лични информации за патниците, нивните патни документи и биометриски инфомрации во кои спаѓаат отпечатоци од четири прсти и фотографија.
Информациите ќе се чуваат пет години за странците, кои го надминале рокот за претстој во ЕУ и три години за останатите.