Тажна вест за тенисот: По долга борба со ракот почина Јана Новотна

Facebook
Twitter
Email
Print

По долга и тешка болест, на 50-годишна возраст почина легендарната чешка тенисерка Јана Новотна. Изминатите неколку години Новотна се бореше со канцерот, а во неделата ја загуби најважната животна битка.

 

„Јана им беше инспирација на теренот и надвор од него на сите оние што имаа можност да ја запознаат. Нејзината ѕвезда секогаш ќе свети во историјата на ВТА“, рече извршниот директор на ВТА, Стив Сајмон

 

Новотна беше позната по својата атрактивна напаѓачка игра и играта сервис-волеј, единствена во нејзината генерација, а во текот на кариерата најдобриот пласман и беше второто место на WTA листата.

 

Новотна во 1998 година ја освои најголемата титула во кариерата кога во финалето на Вимблдон ја победи Натали Тозија. Во Куќата на славните влезе во 2005 година.

 

Женската тениска асоцијација (WTA ) објави дека Новотна починала во мир опколена од нејзиното семејство на 19 ноември.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи