Дејвис: Најверојатно ќе постигнеме договор со ЕУ, но сме подготвени и за неуспех

Facebook
Twitter
Email
Print

Британскиот министер за Брегзит Дејвид Дејвис денеска изјави дека најверојатно исходот од преговорите со Европската унија ќе биде постигнување договор. Во исто време, тој истакна дека британската влада е подготвена и ако не се постигне договор.

 

„Постигнувањето договор со ЕУ е најверојатниот исход, но исто така е и најдобриот начин за нашата земја, рече Дејвис на Лондонската конференција посветена на Брегзит. Не мислам дека е во интерес на која и да било од двете страни да нема договор. Но, како одговорна влада, треба да направиме планови за какви било опции“, изјави Дејвис.

 

Велика Британија сака да ги насочи разговорите за идните односи со ЕУ, вклучувајќи ја и трговијата, но Брисел го повика Лондон прво да ги среди своите финансиски обврски кон Унијата.

 

Иако Дејвис вели дека недвосмислено се стреми кон зделка, Велика Британија, според него, исто така е подготвена за неуспех на преговорите.

 

„Во изминатата година, секое министерство во Вајтхол се подготвува за низа сценарија“, рече тој.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи