Фудбалерот во редовите на Стоук и поранешен репрезентативец, Питер Крауч со вчерашниот настап против Брајтон успеа да забележи нов рекорд во Премиерлигата.
Напаѓачот на Стоук, во 73.минута го замени Шаќири и влезе во игра како замена, дури по 143. пат во неговата кариера. Но, неговото влегување не донесе победа, како минатиот пат кога успеа да постигне гол како резерва против Лестер. Тој го помина рекордот на екс-напаѓачот на Њукасл, Шола Амеоби.
.@stokecity’s @petercrouch sets a new @premierleague record of 143 substitute appearances #MNF
143 – Peter Crouch
142 – Shola Ameobi
136 – Jermain Defoe
129 – Carlton Cole
123 – Joe Cole pic.twitter.com/6HK6PmTVDk— Sky Sports Statto (@SkySportsStatto) November 20, 2017
Во претходниот период, Крауч стана и играч кој успеал да постигне најмногу голови со глава. Тој постигна 51 голови со глава и влезе во книгата на рекорди во Премиерлигата.