Потенцијалните инвеститори вршат увид во „Фени“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Заинтересираните потенцијални инвеститори за Фени Индустри, придружувани од претставници од трите банки најголеми доверители, од денеска ќе вршат почетен увид во состојбата на комбинатот со цел да предложат план за реорганизација во соодветно време.

 

За ова привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски веќе го информирал сегашниот сопственик Кунико, а начелна согласност дале и претставниците на Синдикатот на Фени.

 

За комбинатот има три заинтересирани инвеститори, а се јавуваат и нови.  Од потенцијалните инвеститори се бара да имаат најмалку 20 милиони евра за финасирање на стечајната постапка, за обртни средства и за намирување на минималните обврски кон банките и кон доверителите.

 

Банкарите не ја исклучуваат можноста и бугарски „Енекод“ да даде понуда доколку ги исполни бараните услови. Швајцарската инвестициска компанија ФОС Асет менаџмент, која е сопственик на „Фалкондо“, производител на фероникел во Доминиканската Република исто така е заинтересирана за комбинатот.

 

„Фени“ има долгови од околу 60 милиони евра од кои 40 милиони се кон банките, а останатите на повеќе други помали доверители. На 29-ти ноември во Велешкиот суд е закажано ново рочиште за стечајната постапка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи