„Рубау” бара дополнителен рок за изградба на експресниот пат Прилеп-Градско

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
 Дополнителен рок за изградба на експресниот пат Прилеп-Градско побарале претставници на изведувачот на градежните работи, шпанската компанија „Рубау“, денеска на средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

На средбата, соопшти Министерството за транспорт, се разговарало за интензивирање на активностите за изградба на експресниот пат Прилеп-Градско и надминување на состојбите затекнати во текот на изградбата, како експропријација, легализација и појава на археолошки наоѓалишта.

 

Како едно од решенијата за квалитетна изградба на овој патен правец, од страна на изведувачот е предложен нов рок за изградба, за што Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта дополнително ќе се произнесат.

 

„На состанокот ги разгледавме причините поради кои се доцни со реализација на овој проект. Тие понудија дополнителен рок во рамки на кој очекуваат да ја завршат изградбата на делницата Фаришка – Дреновска клисура од екпресниот пат Градско – Прилеп. Во наредниот период ќе ги разгледаме нивните предлози, но она што сакам да го потенцирам е дека ќе побараме од изведувачот квалитетна изградба на овој патен правец кој е многу важен за поврзување со Пелагонискиот регион“, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

 

Со претставниците на „Рубау“ се согласиле за заедничка соработка за надминување на настанатите состојби заради побрза и поефикасна реализација на проектот.

 

„Рубау“ работи на изградба на 10 километри од планираните 33,5 километри експресен пат од Градско до Прилеп. Инвестицијата за првата фаза изнесува 31,8 милиони евра.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи