Денеска беше објавена драматична видео снимка од бегство на севернокорејски војник кој дезертертира преку границата со Јужна Кореја. Војниците од Северна Кореја пукаат во него и го бркаат, а јужнокорејските војници го спасуваат.
На снимката се гледа како војникот со џип бега, а потоа застанува, по што севернокорејските војници пукаат кон него додека тој ја поминува границата.
Јужнокорејските војници успеваат да дојдат до него и го носат на безбедно место, додека севернокорејските војници се собираат од својата страна на границата.
Командата на ОН соопшти дека Северна Кореја го прекршила договорот за примирје со кој беше завршена корејската војна, со тоа што војниците на оваа земја пукале преку границата и физички поминале преку неа во потерата по пребеганиот војник.
Дезертерот е ранет со повеќе куршуми, но сепак преживеал и со тешки повреди бил однесен во болница каде му се извршени хируршки интервенции.