Претседателот на Здружението на новинарите Насер Селмани, на денешната заедничка прес-конференција со Институтот за социјални и хуманистички науки уште еднаш упати порака до Владата да го избрише спротниот член 61 од законот за медиуми, со кој се предивидуваат казни за медиумот и за одговорното лице. Селмани додаде дека на овој начин, власта само декларативно се залага за слобода на медиумите, а всушност преку казнувањето сака да биде контролор на уредувачката политика.
„За седум години колку што сум претседател на новинарското здружение, научив дека власта генерално се залагаше за слобода на медиумите, а не беше. Не би сакал оваа да власт да го има истиот однос како како претходната, барем така се претставува. Ние ќе извршиме притисок, да се тргне спорниот член од законот, затоа што нашиот став за казни на новинари е решен преку саморегулацијата. Доколку одредени новинари и уредници биле неодговорни и несовесни и нанеле штета на некој со одреден текст, има закони по кои може да се поднесе тужба против нив“, рече Селмани.
Селмани додаде дека на јавната дебата владата се обврзала дека ќе ја исправи грешката. Здружението ќе чека го објави законот па соодветно ќе реагира.
„Во Македонија има прекумерна регулација на приватните радиодифузни медиуми. Државата премногу се меша, а тоа влијае на програмската шема и на содржините, но и на финансиската кондиција на медиумите. Нашата препорака е државата да остави тоа каква програма ќе се емитува да биде одредено од вкусот на гледачите, а не на политичарите“, рече Селмани.
Воедно најави дека новинарското здружение има и други забелешки кои очекува да бидат разгледани и прифатени.Една од нив е финасирањето на јавниот сервис.
„Македонската радио-телевизија треба да биде политички и финасики независен медиум и ние тука нема да правиме компромиси со власта. Во моментот МРТ добива најмалку пари од буџетот во споредба со јавните сервиси во регионот. Ние бараме да се додели 1% од буџетот за да може да функионира како што треба. Воедно очекуваме во скоро време, а започнат реформите за дигитализација и подобрување на програмските содржини“, рече Селмани.
Одговарајќи на новинарско прашање за денешната изјава на министерот Дамјан Манчевски на конференцијата „Е-општество“ на „Метаморфозис“, кој рече дека Владата не смее да биде моторот на реформите во медиумската сфера и за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни услуги, претседателот на ЗНМ рече дека на политичарите не смее да им се верува.
„Тоа е добра флоскула, но тие прават спротивно на таквите заложби, затоа што има тенденции што потсетуваат на однесувањето на претходни влади“, рече Селмани.