Турските власти издадоа наредба за апсење на 216 лица

Facebook
Twitter
Email
Print

Турските власти издале налог за апсење на 216 лица, вклучувајќи и поранешни вработени во Министерството за финансии, поради сомневање дека се поврзани со неуспешниот обид за пуч.

 

Турските медиуми јавија дека до моментов се уапсени 17 поранешни вработени во Министерството за финансии, а други 65 се бараат под сомнеж за одржување врски со мрежата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого турските власти го сметаат за одговорен за обидот за преврат.

 

Во исто време, властите спроведуваат операции во 40 окрузи против лица за кои се смета дека регрутирале членови за мрежата на Ѓулен од редовите на турските вооружени сили.

 

Анкара го обвинува Ѓулен, кој со години живее во егзил во САД, дека го организирал обидот за пуч на 15 јули минатата година и повеќепати побара од САД да го испорачаат. Ѓулен ја негира вината.

 

По обидот за пуч, повеќе од 50.000 лица се ставени во притвор до почетокот на судењето, додека околу 150.000 се сменети или суспендирани од позициите во војската, јавниот и во приватниот сектор.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи