Бугарската црква ќе го разгледува прашањето за МПЦ по консултација со другите цркви

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Бугарската православна црква ќе го разгледува барањето на МПЦ-ОА да ѝ стане црква-мајка откако ќе го слушне мислењето и на другите цркви, вели бугарскиот митрополит Варненски и Великопреславски Јован, пренесува БТА. Тој посочува дека прашањето за Македонската црква е сериозна тема што треба мора да биде решена на многу одговорен начин, при што ќе се почитува и православниот канонски ред.

 

„Брзите решенија никогаш не се добри. Дали треба или не треба, тоа е прашање што треба да биде разгледано откако ќе се слушне мислењето и на другите цркви “, изјави митрополитот Јован пред денешната утринска литургија во црквата Свети Александар Невски во Софија.

 

Тој не прецизира дали прашањето за МПЦ ќе биде разгледувано за време на претстојната посета на бугарскиот патријарх Неофит на Москва. Вели дека посетата на поглаварот на БПЦ на Москва има конкретен повод, а тоа е 100-годишнината од интронизацијата на Светиот патријарх Тихон.

 

„Посетата на Москва ќе се реализира од 1 до 8 декември, но јас нема да учествувам во делегацијата“, изјави митрополитот Јован.

 

Пред неколку дена Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија испратил писмо до Бугарската православна црква во кое бара од нив да бидат нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи