Кривичниот суд го прифати обвинението за случајот „Топлик“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го прифати барањето за покренување на обвинителен акт од страна на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Топлик“ во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

 

Предметот се однесува на продажбата на градежна парцела за изградба на населбата „Сончев град“. За овој случај, снимките од прислушуваните телефонски разговори се прифатени како доказ.

 

Покрај Јанакиески, во случајот се обвинети уште пет лица. Сите се обвинети за злоупотреба на службената положба.

 

Според обвинението, Јанакиески спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

 

„Иако не биле исполнети условите за спроведување на јавната набавка, Комисијата составила извештај дека била спроведена постапка за јавно наддавање и дала предлог да биде склучен договор со избраниот најповолен понудувач. Доказите упатуваат на тоа дека веднаш по склучувањето на договорот, првоосомничениот, иако бил свесен дека постојат суштински недостатоци поради кои Министерството не може да ги исполни обврските од договорот, сепак во име на Министерството склучил договор со правното друштво „Сан сити“ ДОО за отуѓување на градежното земјиште со јавно наддавање. Овој договор подоцна, со судска спогодба помеѓу Министерството и „Сан сити“, бил раскинат бидејќи правното лице токму поради суштинските недостатоци не можело да го спроведе договорот“, стои во обвинението.

 

Од доказите, исто така, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, Министерството се обврзало во износ од 1 милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“. Според СЈО постои основано сомнение дека во периодот од 3.4.2007 до 18.2.2013 година во Скопје, првоосомничениот како раководно службено лице од МТВ и пет осомничени службени лица-членови на комисијата за спроведување на постапка за јавно наддавање при МТВ, како соизвршители, ја искористиле својата службена положба и,  иако биле потполно свесни дека поради нивното дејствување може да настапи  штетна последица, сепак, се согласиле со нејзиното настапување, па нанеле штета на средствата од буџетот на РМ во износ од 64.206.839 денари или 1.044.000,00 евра.

 

На 4 ноември Апелацискиот суд Скопје ги прифати жалбите на СЈО против решението на Кривичен суд од 27 септември годинава, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи