Барса – повеќе од клуб!

Facebook
Twitter
Email
Print

Сè уште не е познато дали тренерот на Севиља Беризо ќе мора да ја напушти тренерската функција за да го започне лекувањето, по лошата вест која што им ја соопшти на неговите фудбалери на натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул, во кој неговите фудбалери направија чудесно враќање во натпреварот, по негативата од 3 голови на полувреме.

 

Шпанските медиуми објавија дека прва се јавила Барселона која понудила помош за тренерот на Севиља и јасно порачала дека му стојат на располагање. Претседателот на клубот од Андалузија, Хозе Кастро откри дека Барселона се понудила да го испрати медицинскиот тим за да му помогне на аргентинскиот тренер во лечењето.

 

„Претседателот на Барселона ми се јави и ми понуди помош од страна на медицинскиот тим на клубот, кој веќе има искуство со вакви случаи. Мислам дека е фер јавноста да биде запозната со овој гест“, изјави Кастро, кој додаде дека Беризо мирно ја прифатил лошата вест и дека сигурно ќе остане тренер на Севиља.

 

Лекарскиот тим на Каталонскиот клуб веќе има искуство со оваа болест, бидејќи претходно Ерик Абидал успешно беше излекуван од рак на црниот дроб, а за жал Тито Виланова не успеа да ги преброди проблемите од оваа опасна болест.

 

Со овој гест, Барселона само го потврди мотото на овој клуб од Каталонија, односно дека тие се „повеќе од клуб“!

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи