Над 150 жртви во терористички напад во Египет

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Најмалку 155 луѓе се убиени, а десетици се повредени во синхрозиниран вооружен и бомбашки напад врз џамија во петокот на египетскиот Синајски полуостров, соопшти државната телевизија МЕНА повикувајќи се на безбедносни извори.

 

Полицијата соопшти дека исламистички милитанти кои пристигнале со четири џипа, најпрвин активирале експлозивна направа, а потоа отвориле оган врз верниците кои бегајќи ја напуштале џамијата ал-Равада во градот Бир ал-Абд, 40 километри од ел-Ариш, главниот град на покраината Северен Синај.

 

Ниту една група досега не ја презема одговорноста за овој масакр, кој ги има трагите на терористичката исламистичка групација Вилает Синај, којашто пред две години ѝ изрази лојалност на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава.

 

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси свика итен состанок на безбедносните структури веднаш по напшадот, објави државната телевизија. Истовремено објавена е тридневна жалост во целата земја.

 

На синајскиот полуостров е воведена вонредна состојба од октомври 2014 година, по смртоносниот напад во кој беа убиени 33 египетски војници.

 

Милитнатите главно напаѓаат во зафрлените делови од северен Синај, каде што групацијата Ансар Баит ал-Макдис (Бранителите на Ерусалим) во 2014 година ѝ изрази лојалност на екстремната сунитска групација Исламска држава. Нападите на овие исламисти, покрај врз полицијата и вооружените сили, се насочени и кон египетските христијани Коптите и кон странските туристи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи