Робињо осуден на 9 години затвор поради сексуално насилство!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Судот во Милано вчера донесе одлука со која Бразилецот Робињо добива затворска казна за сексуално насилство врз 22 годишна девојка од Албанија, додека беше член на Милан. Бомбастичната вест доаѓа од Италија каде престижниот весник „Газета Дело Спорт“ пишува дека поранешниот играч на Милан е казнет на девет години.

На Робињо му е изречена казна затоа што со уште пет лица учествувал во силувањето на девојката во еден ноќен клуб во Милано. Ден по пресудата, Робињо се огласи преку својот адвокат изјаснувајќи се како апсолутно невин за сите обвинувања.

„За прв пат и последен пат ќе речам – никогаш не сум учествувал во такви нешта, го сакам и го почитувам моето семејство. Оние кои ме познаваат, имаат идеја за тоа каква личност сум. Жената и моите деца се извонредни и тие веруваат во мене“, напиша 33-годишниот фудбалер во социјалната мрежа „Инстаграм“.

Моментално 33 годишниот фудбалер настапува за Атлетико Минеиро, но сепак по изречената одлука, реагираше неговиот адвокат, кој изјави дека постојат шанси неговиот клиент воопшто да не заврши зад решетки. Робињо има право да ја обжали одлуката на миланскиот суд и ако истата остане на сила, тогаш Робињо ќе биде безбеден само во Бразил бидејќи оваа земја не ги екстрадира своите државјани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи