Нема рекорд или признание, кое Лео Меси не може да го собори или не е во негова сопственост. Аргентинецот минатата сезона постигна 37 голови на 34 меча во Примера и ја доби „Златната копачка“ како најдобар стрелец во сезоната 2016/17 и ја придодаде на претходните освоени во сезоните 2009/10, 2011/12 и 2012/13.
„Продолжив да растам на теренот и надвор од него. Напредувам од ден на ден и можам да кажам дека уживам во мојата професија, уживам што сум фудбалер“, изјави Меси на доделувањето.
За Аргентинецот ова е четврта „златна копачка“ во кариерата, со што се израмни со големиот ривал Кристијано Роналдо. Зад нив остануваат фудбалски асови како Герд Милер, Еузебио, Жардел, Анри и Луис Суарез, кои по два пати во кариерата стигнале до ова признание.
#Messi & #GoldenShoe
2009/10
2011/12
2012/13
2016/17
? #MessiIsGold ? pic.twitter.com/9RK2WXjgcc— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) November 24, 2017
Баст Дост од Спортинг со 34 погодоци, Пјер Емерик Обамејанг со 31 и Роберт Левандовски со 30 гола завршија на второто, третото и четвртото место во изборот, а Един Џеко со 29 погодоци во Италија ја комплетираше листата на топ 5 стрелци во Европа.
Кристијано Роналдо сезоната ја заврши со 25 гола и се најде на дури 11. место на листата најдобри стрелци во Европа.
Пред 26 години ова признание го освои Македонецот Дарко Панчев.